Celebrity

Кога Бетмен и Црниот лебед си разменуваат нежности :)

Тој е најпознат по улогите во филмовите „American Psycho“ и „Batman“, така што љубовните сцени не се многу карактеристични за Christian Bale. Со новиот филм „Knight of Cups“ тој стереотип за него треба да се промени.

Bale е забележан со колешката Natalie Portman како снимаат романтични сцени на една плажа во Малибу. Папараците успеале да ги фатат додека се држеле за раце и додека Bale ја врзувал косата на Natalie.

По неколкуте мачо улоги, вистинско освежување е да го видиме Бетмен нежен и заљубен. Засега не се знаат многу детаљи околку филмот, освен дека се работи за еден човек кој е во потрага по љубовната вистина.

Заедно со Bale и Portman треба да глуми Kate Blanchett, но таа не била присутна на ова снимање.

Напиши коментар