Вечна ќе биде мистеријата како старите египќани ги граделе грандиозните пирамиди. На кој начин, со која сила било правено сето тоа.
Денес со сите хеликоптери, и секаков вид на машини е речиси невозможно да ја изградиме големата пирамида во Гиза.
Градбата на големата пирамида која е изградена пред 4500 години, сеуште е мистична. Направени се многу студии, истражувања и засега за најточна се смета теоријата која вели дека пирамидата е градена од внатре кон надвор.
Пирамидата на секоја страна е долга 756 метри, висока 481 метар, и се состои од вкупно 2,3 милиони камења со тежина од 3 тони. Легендата вели дека таа била изградена за 20 години, што значи дека секој камен блок би требало да се најде на своето место на секои 5 минути.
За денес да биде направена би требало да соберат 1500 до 200 работници кои ќе работат 5 години, а цената би изнесувала 5 милијарди долари.