Celebrity

Кога ќе се здружат Снежана и ловецот…

Погледнете го првиот трејлер за најновиот филм „Snow White and the Huntsman“ на режисерот Rupert Sanders.

Во епската акциона авантура актерката од „Самрак сагата“ Kristen Steward ја игра единствената личност која во кралството е поубава од самата кралица (Charlize Theron). Поради тоа таа го разбудува лошото во кралицата која се разбесува на помислата дека има некој поубав од неа.

Но, за среќа, има кој  да ја поучува кутрата Снежана, а се работи за ловецот кој ќе го игра Chris Hemsworth. Sam Claflin ќе ѝ се придружи на екипата, а ќе ја игра улогата на принцот кој е маѓепсан од убавината и силата на Снежана.

Филмот пристигнува во кината на 31-ви Мај, а вака изгледа трејлерот:

Напиши коментар