Free zone

Кога сé ќе тргне наопаку…

Се случува сé да биде добро и одеднаш сé да тргне наопаку и да се најдеш во чудо што се случи, да не можеш да си објасниш… А од другата страна да не добиваш никакво објаснување, поточно да добиваш само молчење и ладно однесување кое многу добро може да го осетиме.

Нашата прва реакција е исто така молчење. Се повлекуваме во себе за да направиме анализа на сопственото однесување и да видиме во што е проблемот. Тоа е поприлично бесмислена акција. Потоа следи давење на пријателите и луѓето околу нас со прашањето што се случува.

И скоро сум убеден дека ова е најлошата фаза, кога се донесуваат заклучоци на празно како на пример, па можеби она помислила вака, кога јас и реков онака… и се така до недоглед. Може ли некој друг да знае што се случува ако вашиот партнер или партнерка не знае?

Наместо да ги прашувате сите околу себе и да се измачувате сами најдобро е директно да ја прашате личноста што се случи што се тргна наопаку? Ако се решиш на тој чекор директно да прашаш и да не добиеш одговор… тогаш најверојатно е крај. Како и да е, се е подобро од губење на времето и лажни надежи дека некогаш се ќе се среди и се ќе биде како некогаш…

Напиши коментар