After Midnight

Кога се најголеми шансите да ве изневери?

Самата помисла на тоа вашиот партнер да ве изневери со друга девојка е застрашувачки. Полошо од тоа би било да останете во незнаење за причините кои доведоа до тоа, дури и навистина добро момче, може да биде во позиција да подготви таков низок удар. Ако сте свесни за ризикот, можеби ќе успеете да превземете нешто во врска со тоа,бидејќи постои интересна билошка врска која мажите можат да ја направат за да бидат неверни.

Кога мажот ќе запознае некоја нова и згодна девојка, нивото на тестостерон во телото истовремено се зголемува, поради што тој почнуа да чуствува ниво на возбуда. „ Кога вакво нешто ќе се случи,многу од мажите овој наплив  на хормоните погрешно го толкуваат како знак дека чуствуваат одредени интимни чуства, па дури и љубов кон таа жена”, објаснува др Кристофер Рајан.

Ние нудиме четири клучни трикови кои вас ќе ви помогнат за вашиот драг да остане верен и до уши заљубен само во вас!

Разбудете го со стил….

Рано наутро- помеѓу 5 и 6 часот- време кога во машкото тело поминува највисока концентрација тестостерон.  Време да се препуштите на слаткиот шарм во раните утрински часови. Бонус- секс во ова време ќе биде добар и за вас, бидејќи поради високата вредност на тестостерон, тој станува агресивен и возбуден. Разбудете го галејќи го…

Истакнете ги неговите квалитети…

Секој пат кога ќе му кажете колку е брилијантен, вашиот комплимент делува на неговото либидо и го прави да се чувствува голем и убаво му е во ваше присуство.  Се покажало дека коментарите кои влијаат на егото може да доведат до зголемување на нивото на тестостерон кај мажите. Особено е важно да кажете по некој убав збор за него по време на сексот, нешто како…многу си добар, фантастичен си, уживам со тебе и сл.

Флертувајте со некој друг…

Низ телото на спортистите поминува голема количина на тестостерон, а постои и логично објаснување за тоа- натпреварувањето предизвикува голем пораст во лачење на овој машки хормон. За среќа не е потребно да викнете некој на коашарка еден на еден, а не ви треба ни топка за фудбал, за да го активирате неговото зголемено внимание кон вас.  Кога мажот ќе осети дека е во борба за вашето внимание со друг маж, тоа доведува до зголемување на нивото на тестостерон. Следниот пат кога ќе излезете во бар, понудете да ви донесе пијалок, во меѓувреме вие флертувајте со некој друг. Кога ќе се врати, ќе чуствува како од сите други вие сте го избрале само него. И никогаш не треба да му покажете дека за вас не постои друг маж освен него. Така неговиот интерес со тек на време ќе попушти. Секогаш треба да постои доза неизвесност…за да продолжи да се бори за вас и вашето внимание. И повторно играта е на ваша страна!

Напиши коментар