Celebrity

Кога Спајдермен бил дете…

Погледнете го трејлерот за филмот „Чудесниот Спајдермен“ во кој еден средношколец станува суперхерој.

Главните улоги во филмот на Марк Вебер ги играат Ендру Гарфилд и Ема Стоун.

Во приказната на филмот, Питер Паркер е изгубен дечко кого родителите го напуштиле како мало дете, па бил одгледан од вујко си и вујна си. Тој започнува да го истражува исчезнувањето на своите родители со помош на средношколската симпатија Гвен. Заедно, успеваат да стигнат до лабораторијата на докторот Конорс, поранешен партнер на таткото на Питер.

Додека се соочува со своето алтер-его Гуштер, Питер мора да ја пронајде сета моќ во себе си и да стане суперхерој.

Филмот ќе пристигне во светските кина на 5-ти Јули, а ова е првиот трејлер:

Напиши коментар