After Midnight

Кога веруваш во себе, патот кон љубовта е многу полесен!

Верувале или не се она што ни се случува во животот, добро или лошо зависи од нашата самодоверба, од тоа колку ние веруваме во себе и во сопствениот успех. Се сомневате ли дека ќе го сретнете вистинскиот човек за вас? Штом има сомнеж целта е далеку и невозможна за вас. Верувате ли дека ќе го сретнете? Ќе го сретнете!

Ако се чудиш зошто и како да веруваш во себе еве ти цели десет основни причини зошто мораш да го направиш тоа:

*Ти си единствениот човек на кој можеш да се потпреш секогаш, во било кој момент – 24 часа дневно, 7 дена неделно и 365 денови во годината…

*Кога твојот најдобар пријател е во тешка ситуација ќе му помогнеш нели? Зошто тогаш самиот ти не влезеш во улога на својот најдобар пријател и не си помогнеш сам себе си? Ќе си помогнеш со тоа што ќе веруваш во себе дури и тогаш кога никој друг не верува…

*Кога веруваш во себе добиваш подршка и од целата Вселена или ако сакате Бог…

*Кога веруваш во себе, патот кон целта е многу попријатен и лесен…

*Кога веруваш во себе, созреваш и стануваш посилен. И со тоа полесно ги совладуваш сите потешкотии по патот, сите предизвици, сите искушенија…

*Кога веруваш во себе, телото не ослободува толку многу кортизол ( хормонот на стресот) како последица од напнатоста, стравот и грижите кога човек е со ниска самодоверба, се сомева во себе и своите квалитети…

*Зошто кога веруваш во себе, спиеш мирно без да се тревожиш за она што ќе го донесе утрешниот ден…

*Зошто кога веруваш во себе шансите за успех се зголемуваат многукратно…

*Зошто кога веруваш во себе дури и успехот да не е така голем, после постигнувајњето на целта верата ќе ти даде сила да погледнеш на ситуацијата како на лекција која те подготвува за поголемиот успех…

*Зошто кога веруваш во себе ја исполнуваш мисијата што Судбината ја одредила за тебе…

Не дозволувајте сомнежот, несигурноста и стравот да го покријат вашиот пат со дебел слој прашина и вечно да лутате мислејќи дека Судбината е неправедна. Секој ја има својата шанса и колку ќе ја искористи зависи само од него. Ова се однесува за љубовта и за се останато во животот. Се е во нашите раце…Никој, верувајте, не може да ви наштети во таа мера, како што можете вие сами со своите сомнежи…Кој не верува во себе целиот свет го гледа со очи полни сомнеж…

Напиши коментар