Celebrity

Кој е новиот Робокап?

Актерот Џоел Кинеман е првиот избор за улогата на популарниот робот-полицаец во римејкот на филмот „Робокап“ од 1987 година, кој моментално е во подготовка.

Расел Кроу и Мајкл Фасбендер беа имињата што претходно се спомнуваа кога стануваше збор за оваа улога, но финалниот избор паднал на Џоел. Филмот ќе го режира Хозе Падила, а сценариото е напишано од Џош Зитумер.

–          Филмот ќе биде нешто сосема ново, но ќе го следи оригиналот од 1987 година. Римејкот ќе ви претстави еден многу реалистичен универзум, – изјавил режисерот.

Кинеман, кој играше во серијата „The Killing“, неодамна го гледавме и во филмот „The Safe Hоuse“ заедно со Дензел Вашингтон.

Напиши коментар