Celebrity

Кој ги собра музичките награди во Британија?

Во вторникот вечерта се одржаа 32-рите по ред Британските музички награди, а победник на церемонијата беше кој друг, ако не Адел.

Шоуто го отвори групата „Колдплеј“, на кои им припадна наградата за Најдобар бенд во 2011 година, а настапија со песната „Every Teardrop is a Waterfull“. Пејачот Ед Ширан ја зеде ласкавата награда во категоријата Најдобар машки изведувач, а бендот „One Direction“ ја собра наградата за Најдобар сингл во Британија.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=icDvUOkiOyk

Бендот „Blur“ на сцената отсвири сет од неколку песни, а добија награда за животно дело.

За најдобар Интернационален женски изведувач беше прогласена Ријана, а Бруно Марс ја зеде истата награда, но во машка категорија.

Напиши коментар