Celebrity

Кој го нокаутираше Justin Bieber? :)

Списанието „Complex“ го прослави својот 10-ти роденден со тоа што го претепа познатиот Justin Bieber. Но, не се загрижувајте Биберовци, се работи само за лажна крв и шминка!

Кога веќе бил претепан, Justin се отворил во врска со својот љубовен живот, папараците и неговите „женски“ квалитети.

За врската со Selena Gomez изјавил:

–          Не постои начин целосно да ја криеме врската, бидејќи тоа би било нефер кон самите нас. А, и нездраво за врската. Невозможно е да се сретнуваме постојано, а да глумиме лудило!

За папараците:

–          Ми текнува кога блиските ми велеа: „Помири се, сега си познат и ќе те сликаат насекаде, и кога си расположен и кога не си спиен со денови“. Сега тоа постојано ми се случува и многу се нервирам, но за жал, таков ми е животот.

За „женските“ квалитети:

–          Секој дечко има такви квалитети. Израснати сме и од мајката и од таткото, а јас бев генерално израснат од мајка ми.

Напиши коментар