Celebrity

Кој ќе ја игра Лејди Ди?

Холивудскиот продуцент Стивен Еванс планира да ја екранизира животната приказна на трагично починатата принцеза Дајана во филм кој ќе биде заснован на мемоарите од телохранителот на принцезата.

–          Мислам дека принцезата Дајана имаше некои извонредни квалитети и неверојатна харизма. Таа, исто така, беше и духовита и остра на јазик. Нејзиниот живот без сомнеж заслужи да биде овековечен на филм, – се зборовите на продуцентот Стивен Еванс.

Стивен се надева дека и овој филм ќе биде успешен како и тој за „железната дама“ Маргарет Тачер.

Сеуште не се знае кој ќе ја игра главната улога во филмот со наслов „Дајана“, но во потесниот круг влегуваат Кира Најтли и Скарлет Јохансон.

Напиши коментар