After Midnight

Кој плаќа на состаноците?

Честопати не е јасно кога треба да се посегне по паричникот

Една од најосетливите теми во односите меѓу мажите и жените во денешно време е прашањето кој треба да плати на крајот од состанокот.

Некои врски започнуваат со излегување на кое прва поканува жената, а сепак не е сосема јасно кој би требало да посегне по паричникот.

Прашањето е отворено уште од првиот состанок, па се до излегувањата во подолгите врски.

Притисокот го чувствуваат мажите, но ни жените не се сигурни што би требало да направат во таков случај, и дали непишаното правило, дека мажот плаќа на првиот состанок, им одговара.

Во времето  на целосна еманципација на жената, можеби звучи потполно застарено и по малку шовинистичко правилото дека жената мора да му дозволи на мажот да  плати.

Мажот сака уште од почеток да покаже дека е способен да се грижи за својата девојка и нејзиното инсистирање таа да плати, тој лесно може да го протолкува како своевиден напад на неговата машкост.

Од друга страна, во колку жената никогаш не се понудува да плати барем половина од сметката, мажот може да помисли дека е спонзоруша и дека не ја интересира тој туку само неговите пари.

Жените размислуваат поинаку

Во случај кога мажот секогаш  инсистира тој да плати, некои жени се чувствуваат навредено и може да помислат дека тој со таквата постапка всушност сака да ја контролира.

Од друга страна, ако мажот не се понуди да плати или бара од неа таа да плати, испаѓа дека е скржав.

Кога станува збор за темата плаќање на состаноците, постојат три можности – мажот да плати, жената да плати, или да ја поделат сметката.

Владее правилото да плати оној кој повикува на состанок

Многу мажи, а и жени сметаат дека за првиот состанок важи правилото дека мажот плаќа.

Но, што ако девојката го поканила  момчето? Иако денес е сосем нормално жената да е иницијатор на средбата, сепак многу жени очекуваат и тој пат да плати машкото.

Првиот впечаток е многу важен, а кога мажот на првиот состанок ќе се понуди тој да плати, покажува дека е одговорен и стабилен.

Ако жената е таа која прва поканила, и ако состанокот е нејзина идеа, единствено што има смисла е таа да плати.

Иако на многу мажи им е непријатно да  дозволат жената да плати, многу од жените инсистираат тие да платат.

Не постои причина зошто мажот би се чувствувал несигурно ако и дозволи на жената да плати, особено ако таа се понуди да го стори тоа.

Со зајакнување на врската, нормално е сметките понекогаш и да се поделуваат, но на почетокот од врската сепак најчесто важат старомодните правила.

Мажите и жените можат да мислат дека е неправедно мажите секогаш да плаќаат на првите состаноци

Во колку мажот инсистира тој секогаш да плаќа, тоа не значи дека жената не мора да се понуди да плати или да ја поделат сметката.

Можеби мора да се промени начинот на гледање и да се прифати фактот дека мажот сака да покаже дека е заштитник, барем на почетокот на врската.

Најважно е да ја разберете личноста со која сте на состанок и да се обидете да се ставете во нејзина состојба.

Во зависност од ситуацијата, понекогаш е пожелно да се подели сметката.

Со обѕир на тоа што мислењата се толку многу поделени, на крајот на краиштата сè зависи од поединците а и парите.

Напиши коментар