Celebrity

Koja е партнерката на Johnny Depp?!

Холивуд планира да направи римејк на познатиот филм „The Thin Man“ и моментално му се бара партнерка на главниот актер.

Johnny Depp ќе го игра Nick Charles, поранешен детектив кој се здружува со својата богата и несериозна жена со цел да решат еден мистериозен злочин. Снимањето започнува во април и моментално се бара актерка која ќе ја глуми жената на Depp по име Nora.

Засега, во трка се Amy Adams, Emily Blunt, Isla Fisher, Eva Green, Emma Stone, Carey Mulligan, Rachel Weisz и Kristen Wiig. Режисер на остварувањето ќе биде Rob Marshall.

Филмот е адаптација на романот на Dashiell Hammett, по кој во средината на триесетите години од минатиот век бил снимен филмот номиниран за Оскар со William Powell и Myrna Loy во главните улоги.

Напиши коментар