Хорор класикот на Стивен Кинг ќе добие римејк, а неколку млади актерки ќе се борат за да ја добијат главната улога во филмот.
Филмот „Кери“ во кој се работи за една девојка која им се одмаздува на своите школски другари на „пеколната“ матурска вечер е снимен во 1976 година, врз основа на првиот роман на „кралот на хоророт“ – Кинг. Тогаш филмот го режирал Брајан де Палма, а Сиси Спачек и Пајпер Лори биле номинирани за Оскар за улогите на Кери и нејзината мајка Маргарет, која ја злоупотребува ќерка си.
Самиот Стивен Кинг изјавил во едно интервју дека би било доста интересно ако главната улога во римејкот и биде доделена на проблематичната Линдзи Лохан. Моментално, прв избор на режисерката Кимберли Пирс е младата актерка Хејли Стенфилд, која беше номинирана за Оскар за споредна улога во филмот „Човекот наречен храброст“.