Celebrity

Комедијата со Eddie Murphy е катастрофа!

Комедијата на Eddie Murphy со наслов „Илјада зборови“ не добила ниту една позитивна критика и поради тоа стана сериозен кандидат за најлоша комедија на сите времиња.

На сајтот „rottentomatoes.com“ се собираат сите критики на едно место, па овој филм добил оцена нула – ниеден критичар немал да каже ништо позитивно за филмот. Според нив, филмот е неоригинален, недуховит и банален.

Од 39 коментари, сите биле негативни, па комедијата моментално го зазела првото место и ќе влезе во натпреварот за најлоша комедија која било кога е снимена.

Ова е прв пат некој филм во кој игра голема ѕвезда да не добие ниту една позитивна критика.

Напиши коментар