Експертите препорачуваат – Карајте се, но при тоа бидете конструктивни
Замерувањето и тишината резултираат со насобран бес, додека конструктивната караница не ослободува од стресот, се дознава причината за проблемите и овозможува добра комуникација.
Кавгите не мора да значат лоша врска, потврдуваат научниците. Една кавга во текот на една недела е идеалната тајна за стабилна врска.
Околу 44 проценти од паровите веруваат дека расправијата и кавгите создаваат простор за поголема комуникација. Проблемите и нивното конструктивно решавање го смалува стресот во врската за разлика од насобирање, премолчување и не решавање на истите.
„Кавгите се конструктивни и корисни за разлика од криењето на проблемите под тепих. Некои од кавгите може да искочат од контрола, да дојде до насилство и деструкција а со самото тоа тие се штетни за врската. Но не е битно дали паровите се караат туку како тие се справуваат со недоразбирањата. Додека трае кавгата потребно е партнерите да дознаат што ги мачи, наместо тишина потребна е дебата, при што кривицата не треба да се префрла само на едниот партнер.“ – истакнува професорот William Doherty.
„Најдобро е да започнете со смирен тон, без напади и оптужби. Затоа што на тој начин вашиот партнер веднаш ќе премине во дефанзива“ – дообјаснува брачниот советник Bernie Slutsky.
