After Midnight

Копијата никогаш не може да го замени оригиналот

Не мора да се сложите со мене, но мислам дека секоја девојка во животот се наоѓа во ситуација кога животот и се сведува на приказната за принцезата и принцот на белиот коњ. Во приказната таа го запознава својот маж од соништата и потоа тој се губи, исчезнува со најголема брзина. Оваа приказна ја слушам многу често кај моите пријателки. Одлична приказна за најлошата трагикомедија која е некогаш направена.

Кога сме мали ја создаваме нашата приказна, го замислуваме принцот на нашиот живот и така од најрано детство ја раеализираме приказната. Но, доаѓа моментот кога се разочаруваме. И тоа од принцот, од оној кој бил наш идеал. Следува фазата кога му бараме копија. Но сигурна сум дека добро знаете дека ниту една копија не може да го замени оригиналот. Па следат многу нови обиди, многу нови разочарувања. Со време сфаќаме колку многу сме се оддалечиле од првичната приказна. Па се обидуваме повторно да се вратиме на почетокот. Лошите моменти следат кога ќе сфатиме дека животот сме го вратиле назад, но не и времето, па се  е залудно.

Затоа е најдобро да го живееме моментот. Да уживаме во она што сега го имаме, она што животот ни го дал, а кога тоа ќе заврши најлошо е да се бара негова замена. Тоа само не враќа на старите проблеми.

Напиши коментар