Celebrity

Кралско видео на Фло Рајда!

Погледнете го музичкото видео за траката на Фло Рајда со наслов „Wild Ones“. Ова е всушност втор сингл на раперот од неговиот претстоен, четврти по ред, студиски албум „Only 1 Rida (Part 2)“, кој треба да биде пуштен во продажба оваа пролет.

Песната е заразна мелодија, со денс ритам и добри вибрации, и моментално добро котира на музичките листи ширум светот. Во песната, Фло Рајда соработува со Сиа, која претходно има сингл и со Дејвид Гета.

Спотот е снимен во Дубаи, на егзотични локации, со најубави автомобили и локални девојки. И секако, не пропуштил во својот спот да им отстапи место на лудите ноќни журки кои се карактеристични за Дубаи.

Напиши коментар