Мојата кујна

Крем од ванила со малини и рибизли

Потребни состојки:

–          150 гр малини

–          50 гр малини

–          2 киви

За кремот:

–          500 мл млеко

–          100 мл слатка павлака

–          2 лажици шеќер

–          кесичка пудинг од ванила

–          150 гр младо несолено сирење

–          ванилин шеќер

Подготовка:

Во сад за матење сипете го млекото и  слатката павлака, додадете го пудингот и шеќерот и кратко матете со миксер со најмала брзина. Потоа ставете го садот на пареа и варете додека да се згусне кремот. Тргнете од оган и матете со миксер матете две до три минути со најголема брзина. Кога кремот малку ќе се излади додадете го сирењето и  изматете убаво. Кремот ставете го во стаклени чаши, ставате еден ред крем еден ред овошје. На крајот декорирајте со овошје. Чашите ставете ги во фрижидер и послужете додека е ладно.

Write A Comment