Потребни состојки за бисквитот:
– 200 гр мелени бисквити
– 100 гр растопен путер
– 2 лажици шеќер
За кремот:
– 1 кг несолено младо сирење
– 4 јајца
– 5 лажици шеќер
– ванила
– 100 гр мелени бисквити
– 150 гр чоколада
– изматен шлаг со чоколада
Подготовка:
Мелените бисквити, шеќерот, растопениот путер измешајте ги па ставете ги во хартиени корпи . Пенесто изматете ги јајцата, шеќерот, ванилата, па ставете го сирењето, мелените бисквити и растопената чоколада. Смесата ставете ја во калапите врз бисквитот и печете околу 20 минути на 200 степени. Испечените и изладени колачи послужете ги со изматениот шлаг.
