Lady Gaga и Justin Bieber ќе играат вонземјанци во филмот „Луѓе во црно 3“.
Режисерот Barry Sonnenfeld потврдил дека пејачката, тинејџ ѕвездата и Tim Barton ќе им се придружат на Will Smith и Tommy Lee Jones во третиот дел од филмот кој во кината треба да стигне во мај, оваа година.
Двајцата музичари ќе имаат улога на вонземјанци кои пристигнуваат на нашата планета со вселенски брод со кој ќе управува легендарниот режисер Tim Barton.
– Беше вистински предизвик да се изберат познати личности кои ќе се појават во филмот бидејќи не сакав по десет години некој да праша: „Кој е ова?“ Нив тројца сигурно и тогаш ќе ги знаат, и тоа подобро и од мене и од вонземјанците, – заклучил режисерот и веќе најавил четврт дел на популарната сага.
