Веруваме дека планетарно популарната пејачка Lady Gaga едвај јго чека доделувањето на „Billboard“ музичките награди кое ќе се одржи во Лас Вегас на 20-ти Мај.
Gaga е номинирана во дури 10 категории меѓу кои и за: најдобар уметник, најдобар женски изведувач, поп изведувач, денс изведувач, најдобар поп, најдобар денс албум и неколку други.
На својот официјален Фејсбук профил, Gaga ги повика сите свои фанови да бидат со неа во што е можно поголем број за време на доделувањето на наградите и тоа со реченицата „Не ги пропуштајте наградите, мали чудовишта!“
