Celebrity

Lana Del Ray на албумот на Cheryl Cole

Се шпекулира дека на новиот албум на Cheryl Cole наслов „A Million Lights“ ќе се најде песна која ја има напишано Lana Del Ray, а оваа вест е потврдена и од страна на Cheryl.

–          Lana ја забележав пред околу една година. Ги преслушав нејзините песни кои звучеа доста свежо и запрашав кој ги пее. Ми рекоа: „Обрни внимание на неа, девојката се вика Lana Del Ray“. Кога се појави песната „Video Games“ се заљубив во неа и како изведувач, толку е суперталентирана, – изјавила Cole.

Се шушка и дека Cheryl сакала да ја купи песната „Born to Die“, но на крај Lana ја сместила оваа нумера на сопствениот албум.

Напиши коментар