Лана Дел Реј направи одлична преработка на песната Heart Shaped Box. Оваа песна е прва од новиот, трет по ред студиски албум на Лана Дел Реј. Таа ја промовирала својата нова песна пред некој ден на концерт во Сиднеј.
Оваа песна го достигна својот врв во 1993 година. Преработката е одлично направена, а дали ќе го доживее повторно големиот успех е рано да се каже.
Пред да ја испее оваа песна, Лана изјавила дека токму таа песна имала големо влијание во текот на нејизното растење и развивање на нејзината личност.
http://www.youtube.com/watch?v=elcJ83xu1Fw&feature=player_embedded