Ова е најновиот спот на Лана Дел Реј. Познатата пејачка го објави својот најнов видео запис за песната “National Anthem”, во кој таа најпрво се појавува како Мерлин Монро, а потоа и како првата дама на Сад, Џеки Кенеди.

Песната е направена во соработка со раперот Ејсап Роки, па тој во видео записот се појавува во улогата на претседателот Џон Кенеди.

Откако се појави овој видео запис во јавноста крена многу прашина, бидејќи убава и бела жена да е во брак со црн маж и тоа да е претседателот на Америка, во 60-те било незамисливо.

Напиши коментар