Американската пејачка Lana Del Rey ќе се најде на холивудското платно, како и многу нејзини колешки досега.
Еден од најпознатите холивудски продуценти Harvey Weinstein, кој е познат по работата на филмовите „Говорот на кралот“ и „Уметникот“, ѝ понудил на пејачката улога во новиот филм на студиото „Miramax“. Harvey бил воодушевен од Lana и смета дека улогата во филмот чиј заплет сеуште не е познат е идеална за неа.
– Lana има личност и изглед кои се совршени за на големото платно, – изјавил извор близок на продуцентот.
Само да потсетиме дека Elizabeth Grant, или како што сите ние ја знаеме Lana Del Ray, сама си го напишала сценариото и го режирала спотот за деби синглот „Video Games“.
