За најдобар вкус користете зрели банани.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 чаша брашно
1 чаша интегрално брашно
2/3 чаша шеќер
2 кафени лажички прашок за печиво
½ кафена лажичка сол
1 ¼ чаша издробени банани ( 3 средни банани )
2 јајца
70 грама путер
2 кафени лажици екстракт од ванила
½ чаша сечкани ореви
¼ чаша суви боровинки или брусница
ПОДГОТОВКА:
Сите состојки замесете исто како кога правите домашен леб. Измешајте ги заедно, брашното, интегралното брашно, прашокот за печиво … додека сите состојки не се соединат. Ставете го тестото на тепсија обложена со хартија за печење и печете на загреана рерна на 180 степени Целзиусови, од 50 до 60 минути.
Ќе се изненадите од вкусот…
Уживајте!!!
