Celebrity

Лени Кравиц ни подготвува нов албум!

Пејачот Лени Кравиц снима нов албум меѓутоа, сеуште не знае кога ќе најде време да го објави. Тој моментално е во студио, каде ги завршува песните за албумот кој ќе се вика „Negrophilia“.

– Претходниот албум беше совршен до максимум што се однесува на продукцијата, така што овој албум ќе има органски звук, ќе биде тотално сиров, – изјавил Лени за музичката штампа.

Претходниот албум на Лени со наслов „Black and White America“ беше објавен минатата година, но тој тврди дека вредно работи и на наредниов, иако не е баш сигурен кога точно ќе го објави. Оваа година, Лени го очекува голема турнеја, како и обврски околу снимањето на филмот „Игра на глад“.

Write A Comment