Еден од најбараните актери во Холивуд неодамна договорил снимање на една историска триологија.
Leonardo DiCaprio дефинитивно работи со полна пареа и моментално го снима петтиот по ред филм со режисерот Martin Scorsese со наслов „The Wolf of Wall Street“. Најново од актерот е што потпишал договор за снимање адаптација на триологијата на писателот Dennis Lean.
Иако засега Lean има објавено само еден дел од планираната триологија, DiCaprio ќе го игра главниот лик во сите три дела на филмот. Првиот дел на триологијата се вика „The Given Day“ и во него се работи за две семејства, едно со ирско, а другото со афричко потекло и настните што им се случувале во изминатиот век. Писателот моментално ја пишува втората книга.
Lean е автор на повеќе познати трилери, меѓу кои и „Mystic River“ и „Shutter Island“ во кој Leo ја играше главната улога пред две години.
