Celebrity

Леси се враќа дома – Стивен Тајлер се враќа во својот бенд

Стивен Тајлер изјави дека следната сезона нема да биде судија во пејачкиот натпревар “Американски Идол”, бидејќи сака да се посвети на својот бенд Аеросмит.

Тајлер ќе го напушти шоуто оваа година, но при тоа излавил дека уживал во секоја минута присуство во него. “Сметам дека со ова шоу некако ја занемарив мојата прва љубов, Аеросмит и сега и се враќам, стои во неговата изјава.

Со тоа како челнови на жирито остануваат Џеј Ло и Ренди Џексон. Но, со оглед на се понискиот рејтинг на Џенифер, прашање е дали и таа ќе остане како дел од жирито.

Таа пак изјавила дека Стивен и станал близок пријател во текот на овие неколку години и дека не може да замисли некој друг да седи на неговото место. Таа изјавила дека ако тој оди, и таа ќе размисли дали да остане како дел од овој проект.

Напиши коментар