Секогаш треба да имате по некој ваков рецепт за моментите кога сте гладни, кога ви се јаде нешто навистина вкусно, а немате некоја голема желба да готвите.
Потребни состојки:
4 багети – лебчиња
5 јајца
1/3 чаша павлака
200 гр ситно сецкан кашкавал
2 млади кромидчиња
200 гр ситно сецкана шунка

Подготовка:
Загрејте ја рерната на максималната температура. Изматете ги јајцата и павлаката. Во нив додадете ги сецканиот кашкавал, шунка и кромид.
Исечете ги лебчињата длабоко во форма на буквата V. Ставете во секое од нив од смесата и печете ги 20 минути.

