After Midnight

Летна љубовна авантура…

Летото е совршено време за девојките со статус „сами“.Опуштена атмосфера, летување на далечни дестинации каде никој не Ве познава… звучи чудесно добро…Но може да биде и причина за „грешка“ или скршено срце.

За да биде се во ред со Вашата летна авантура  знајте дека …

Во лето и зафатените ќе Ви кажат дека се „single”… 😛

Но не грижете се Вие ја кажувате вистината…

Летната авантура има рок на траење

Од една вечер до 3 месеци. Пред да се впуштите во флертување со некој згоден маж, потсетете се на ова правило и спремете се на фактот дека Вашата авантура ќе заврши… и што потоа… back to reality !!!

Не со колега или пријател

Никогаш не треба да започнете нешто со личноста која после летото треба да ја гледате секојдневно и тоа на Вашето работно место…

Но… забранетото е најслатко !!! Изборот е Ваш… и последиците исто така.

Поставете граници

Објаснете му дека се што сакате е забава… и бидете сигурни дека тоа е всушност и неговата желба. Секако тоа и Вам треба да Ви биде јасно.

Не очекувајте премногу

Доколку минатата година сте имале незаборавна летна авантура со дечко кој го запознавте на летувањето, не очекувајте дека истото ќе Ви се случи и оваа година баш на истото место за одмор.

Заштитете се !!!

Летото е периодот кога најголем процент од луѓето имаат  имаат секс без заштита. Причините за да се заштитите се многубројни. Сигурно и многу пати повторувани и запаметени. Не дозволувајте една летна авантура да фрли црна дамка врз Вашиот живот.

Напиши коментар