Мојата кујна

Летото е тука! Време е за „Маргарита“

Маргарита е добро познат коктел на база на текила. Основно се состои од сок на зелен лимон и ликер од портокал. Но се приготвува и со ликер од праски или јагоди.

Неопходни продукти:

50 мл текила

25 мл сок од лајм

25 мл ликер по избор

Сол за работ на чашата

 

Го протриваме работ на чашата со парче лимон за да можеме после тоа да ја потопиме во чинијата со малку сол и солта да залепе за стаклото, т.нар. прстен.

Се разбира дека овошните вариации на маргаритата не се со солена декорација на чашата.

Коктелот Маргарита денес е еден од најпопуларните пијалоци и бил модифициран на многу начини низ годините – приготвена со дробен лед се нарекува ледена маргарита.

 

Write A Comment