Проблематичната актерка Линдзи Лохан моментално преговара за улогата на Елизабет Тејлор во биографскиот филм „Елизабет и Ричард – љубовна приказна“, пишуваат американските медиуми.
Филмот кој би требало набрзо да стигне во светските кина, а и на малите екрани, говори за романсата помеѓу Елизабет Тејлор и Ричард Бартон за кој била мажена дури два пати. Ова филмско остварување треба да биде во режија на Мартин Скорсезе.
Продуцент ќе биде Лери Томпсон, а засега најголеме изгледи да ја добие улогата има „Плејбој позерката“ Линдзи Лохан. Инаку, Тејлор почина минатата година.