Линдзи Лохан има два големи проблеми во моментов. Покрај тоа што е во тек судењето во Лос Анџелес, таа доби и сериозна конкуренција за улогата во филмот за Лиз Тејлор.
Понудата за главна улога ја добила и актерката Меган Фокс. Продуцентот изјавил дека станува збор за сериозна улога, за филмски проект кој е многу сериозен и ќе биде тешко да се донесе одлуката која од нив две да ја добие главната улога.
Додека Меган Фокс важи за една од најпосакуваните жени во светот, Линдзи е една од оние кои се најпроблематични. Дали овој факт ќе има некаква улога во донесувањето на конечната одлука?
