Најновото продолжение на сагата во кината ќе пристигне во април следната година, а за сега не е познато кога ќе игра Черли Шин, бидејќи неговиот лик во четвртиот дел е убиен. Меѓутоа, во хумористичниот хорор филм се е возможно… Со проблематичниот Чарли, една од главните улоги ќе ги игра, Линдзи Лохан, која во моментов снима филм за Елизабет Тејлор.
Сценариото на новиот Scary Movie 5 во моментов е една од најчуваните тајни во Холивуд, бидејќи продуцентите сакаат да откријат кои кино филмови ќе бидат исмејани. Снимањето би требало да почне следниот месец, а Scary Movie 5 ќе ги режира Малком Ли.
Првиот дел во кинта се појави во 2000 година и заработи 287 милиони долари, а буџетот изнесувал само 18 милиони. Поради ваквиот успех следеле уште три продолженија кои сепак имале помала гледаност, а четвртиот дел на благајните во кината заработиле 90 милиони.
