Потребни состојки:
– 500 гр лиснато тесто
– 300 гр рендан кашкавал
– 100 гр пармезан
– 2 главици кромид
– 2 тиквици
– 100 гр пршута
– 2 јајца
– 100 мл неутрална павлака
– 100 гр крем сир
– 100 гр горгонзола
Подготовка:
Посипете ја работната површина со брашно и на неа развлечете ја кората од лиснато тесто. Ставете ја кората во подмачкан плех и премачкајте ја со крем сирот. Одозгора посипете ја со пармезан. Исечете ги тиквиците и кромидот на тркалца, пршутата на коцки, па ставете ги одозгора. Изматете ги јајцата со неутралната павлака и прелијте го тестото. Зачибете по желба и ставете го ренданиот кашкавал и горгонзола. Ставете ја тавата во рерна на 180 степени и печете 45 минути.
