Верувате ли дека постои љубов на прв поглед? Ви се има ли случено да се заљубите во момчето кое сте го запознале на некоја од социјалните мрежи? Или пак, сметате дека нешто такво не невозможно…
Се случува неочекувано, молскавично, како гром од ведро небо. Љубовта на прв поглед понекогаш е посилна од љубовта која се развива подолго. Но, во неа веруваат само луѓето кои ја имаат доживеано и ја прифаќаат како нешто сосема нормално. Постои и категорија на оние кои не веруваат дека љубовта на прв поглед е возможна. Можеби, едноставно се внимателни и свесно не сакаат да се препуштат на чувствата, односно во врска се впуштаат кога ќе сфатат дека навистина се исплаќа.
Во волшебниот момент- љубов на прв поглед, веруваат романтичарите. Секако, не се заљубуваат во секој фраер кој ќе го здогледаат во училиште, на улица, на факултет… Станува збор за личност која ни остава голем впечаток со нејзината појава, харизма, зрачење, сексуалност…Едноставно, постои некоја хемија. Кога ќе запознаеме таква личност, срцето почнува да ни чука побрзо, чувствуваме пеперутки во стомакот, се зголемува адреналинот, лицето ни поцрвенува, дланките се потат, трепериме…
Љубовта на прв поглед делува прекрасно, но секоја работа има свои добри и лоши страни… Љубовта на прв поглед може да биде страсна, величествена, секси, но може да биде и длабоко разочарување. После некое време „ паѓа “ воодушевувањето и сфаќаме дека личноста за која сме сметале дека е најубава и најдобра на светот и не е баш најсјајна… Кога ќе се изгубат почетните волшепства, често налетуваме на ѕидот на грубата реалност. Како и да е, можеме да заклучиме дека љубовта на прв поглед постои, дека е силна и едноставно…доаѓа. Само, прашање е колку сме отворени и спремни за неа…
