After Midnight

Љубовни совети од Мерлин Монро

Една од филмските диви која важи за кралица на филмското платно, Мерлин Монро од своето љубовно искуство дала неколку љубовни совети кои денес нам можат да ни помогнат. Ова се реченици кои таа некогаш ги кажала:

Мора да знаете каков статус заслужувате во врската, вие вредите колку што тежите. Јас сум себична, нетрпелива и помалку несигурна. Правам грешки, губам контрола и понекогаш е тешко некој да ме поднесе. Но, ако не знае мажот да ме поднесе кога сум најлоша, тогаш не ме заслужува ни кога сум најдобра.

Не е страшно ако ја прекинете врската, веќе утре ќе биде подобро. Верувам дека се се случува со причина. Луѓето се менуваат за да ги пуштиме да одат, работите одат во погрешен правец за да научиме дека треба да ги цениме кога се во ред, веруваме во лаги за потоа од тоа да научиме дека не треба да веруваме на никого освен на себе, и понегоаш се рушат добрите работи за да се создадат подобри.

Вистинската љубов се крие во малите работи. Вистински љубовник е оној човек кој може да ве возбуди кога ќе ве бакне во чело и знае да се насмевне само за вашите очи.

Ако нешто сакате, не чекајте на мажот тој да го направи тоа за вас. Потрудете се сами. Колку е погрешно жената да чека мажот да создаде свет за неа каков што таа сака, кога може и таа самата да си го направи тоа за себе.

Ако не успеете од прва…

Љубовниците доаѓаат и си одат. Ми се гади од тоа што го кажувам но скоро секој маж што го имаш во животот ќе ти го скрши срцето. Тоа не значи дека треба да се повлечеш, така никогаш нема да ја најдеш сродната половина која ќе те направи “цела”. Ако не успеало, не значи дека не треба пак да започнеш нешто ново. Само имај на ум дека секогаш, секогаш, секогаш треба да веруваш во себе. Ако сам не веруваш, кој друг ќе верува? Исправи се, подигни ја главата, и што е најважно насмевни се, затоа што животот е полн со работи на кои вреди вистински да им се насмевнеш.

Напиши коментар