After Midnight

Љубовта е само една…

Кратка и едноставна легенда но исполнета со многу мудрост и длабока содржина. Оној чие срце почувствувало  ќе разбере…

* Одејќи по својот пат, младото момче среќава прекрасна девојка и почнува да оди по неа во продолжение на километар, два. Накрај таа се свртела и прашала:

–  Зошто ме следиш?

А тој возбудено објаснал:

–        Зошто  никогаш не сум видел нешто попрекрасно од тебе и ти ме магепса. Се вљубив во тебе уште првиот миг кога те здогледав…Биди моја! Ти си вистинската! Единствената!

Девојката само се насмевнала и одговорила:

–        Така мислиш и зборуваш бидејќи сеуште не си ја видел мојата помала сестра. Треба само да се свртиш и ќе ја видиш  неа, многу поубава и помлада од мене.

Убавото момче веднаш ја свртело главата очекувајќи да види совршена девојка но пред неговите очи се појавила сосема обична девојка, какви што имало многу по неговиот пат…

–        Каква шега е ова? Зошто ме излажа? – Прашал тој.

–        Ти исто така ме излажа! Штом јас сум вистинската, единствената и си вљубен, зошто се сврте? Што очекуваше да видиш?

–        Љубовта е само една! Кога вистински љубиш не ти треба ништо друго! Кога љубиш имаш се што ти треба!  Јас сум единствена но не за тебе…

Write A Comment