Љубов е кога ќе протне рака во дворот кај соседите за да ми скине кокиче…
Љубов е кога ме бакнува наутро и покрај тоа што сеуште не сум ги измила ни забите…
Љубов е кога навечер ми носи леген со топла вода, за да ги стоплам вечно студените нозе…
Љубов е кога наместо по име, ме нарекува „љубов“…
Љубов е кога ми се извинува, без разлика што јас сум виновна…
Љубов е кога ме гушка и нежно ме гали по косите кога навечер не можам да заспијам…
Љубов е кога секое утро ми посакува убав ден и многу лајкови на статиите што ќе ги напишам…
Љубов е кога среде ноќ без да негодува доаѓа да ме земе од забава…
Љубов е кога ќе ме штипне по образите и задникот секогаш кога ќе се разминеме во куњата…
Љубов е кога го бакнува мојот раскрвавен прст повреден при готвење за да ми помине …
Љубов е кога ќе ме извади по пижами среде ноќ на тераса за да ми ја покаже полната месечина…
Љубов е кога ме советува да се облечам добро за да не настинам…
Љубов е кога ми вели дека јас сум најубавата…единствената…последната…
Љубов е кога ги прифаќа сите мои мани, глупоси и недостатоци, сите мои лудости со насмевка…
Љубов е да ми дава толку многу поводи за да го сакам…секој ден.
И да, навистина љубовта е во малите нешта, ситните гестови, нежниот допир, длабокиот поглед…Наизглед безначајни ситници, но кои ја содржат целата философија на љубовта. Не се откажувајте никогаш и чекајте ја вистинската…без неа животот е без содржина.
