After Midnight

Љубовта намалува и додава килограми

На тоа дали жената ќе се здебели или ќе ослабне не влијае само храната која ја конзумира, туку и емоциите, особено оние на полето на љубовта.

Во британското истражување во кое учествувале повеќе од 3000 жени, резултатите покажале дека женското тело се менува во зависност од животната фаза во која се наоѓа, односно од емотивната ситуација. Повеќе од половина од жените рекле дека промената во нивната тежина е поврзана со степенот на среќа во бракот. Дури 84% од испитаничките признале дека нивниот изглед најмногу зависи од тоа како тие се чувствуваат.

Кога жените се на почетокот на врската и се им е возбудливо и ново, во просек слабеат по 4 килограми. Во наредната фаза на опуштеност и среќа, која трае неколку години, тие се здебелуваат во просек по 5-6 килограми. По венчавката тие нагло слабеат по 5 килограми, а по бременоста тие се здебелуваат по 8 килограми.

Новиот период на слабеење следува откако децата ќе пораснат и жената повторно има повеќе време за себе. Тогаш жените одеднаш стануваат свесни и сакаат да ослабнат, па во просек слабеат по 8 килограми.

 

Напиши коментар