After Midnight

Љубовта низ статистики и бројки

Статистиките се немилосрдни, а тие велат дека 50 проценти од мажите можат да препознаат неверство, тој процент кај жените е неверојатно поголем!!!

Женската интуиција за неверство од страна на партнерот е неверојатно јака и сигурна. Истражувања потврдуваат дека неверојатни 85 проценти од жените знаат кога нивниот партнер „шмрња“ на страна.

Доколку денес би ги запрашале жените „доколку го знаат она што денес го знаат за своите партнери?“  неверојатни 70 проценти би одговориле дека не би биле со сегашниот партнерот. Кај мажите тој процент е 45 проценти.

39 процент од луѓето веруваат во сродна душа.

32 проценти од луѓето мислат дека моменталниот партнер не е оној вистинскиот.

63 проценти од жените мислат дека мажите во црвена маица се најпривлечни.

79 проценти од мажите сакаат слободни жени преостанатиот процент од 21 ги преферираат зафатените девојки.

Мажите флертуваат просечно 43 минути дневно, применувајќи ги своите заводнички тактики на околу десет различни жени. Или во периодот помеѓу 18 и 50 година од животот мажите флертуваат вкупно 11 месеци и 11 дена.

Жените пак за истиот тој период просечно флертуваат 20 минути на ден или 6 месеци и 3 дена.

Мажите губат невиност со 16,9 години, кај девојките тоа се случува малку подоцна, поточно на 17, 4 години.

75% од мажите секогаш доживуваат оргазам , а само 29% од жените доаѓаат до задоволство.

Секоја 4 жена помислува на секс со друга жена, а секој 6 маж замислува машки партнер за секс.

Write A Comment