Линдзи Лохан не си игра кога се работи за некоја сериозна обврска. Како што е познато, таа ќе ја игра улогата на Елизабет Тејлор во новиот биографски филм, и токму за таа намена, Лохан напорно работи со цел што е можно подетално да го покаже портретот на една од најпознатите и најконтроверзните дами на светот.
Името на филмот е „Liz and Dick“, а снимањето треба да започне кон крајот на март, откако ќе заврши условната казна на ЛиЛо.
Според пријателите на Лохан, таа е опседната со улогата и постојано зборува за тој проект, постојано гледала стари филмови со Елизабет и ги вежбала нејзиниот говор, телесно движење и став. Читала интервјуа со Тејлор, како и еден куп нејзини биографии.
