Здраво тело

Лубеницата – лековита, здрава и вкусна

Лубеницата навистина го прочистува организмот од натрупаните токсини и маснотии во текот на студените месеци. Содржи аминокиселина наречена цитрулин што ја подобрува размената на материи, го забрзува метаболизмот и помага за полесно исфрлање на штетните материи од организмот.

Повторно цитрулинот е виновен за својството на лубеницата како афродизијак. Предизвикува вазодилатација на  крвоносните садови и така ја подобрува сексуалната функција на организмот.

Најголемата лубеница е одгледана во Оклахома и тежела 115 килограми.

Љубеницата исто така е во списокот на храни кои се најбогати со железо, па затоа се препорачува на луѓето со анемија и други проблеми поврзани со крвта.

Растението има над 1200 разновидности. Од нив само 60 видови се поволни за конзумација.

Лубеницата содржи најголем процент вода споредено со останатите видови овошје и зеленчук. Помеѓу 80 и 92% во зависност од сортата.

Најголемата количина лубеница што човек може да изеде дневно е 2,5 кг. Во една цела лубеница има само половина од концентрацијата на шеќери што ги има во едно јаболко. Затоа е особено поволна за диети.

Освен тоа содржи мноштво микроелементи и минерали неопходни за правилна функција на метаболизмот и дигестивниот систем.

Write A Comment