← НАЗАД НА БОЗА

Луси Лиу е новиот помошник на Шерлок Холмс!

Луси Лиу е новиот помошник на Шерлок Холмс!
821 Читања

Актерката Луси Лиу ќе му биде помошничка на Шерлок Холмс во новата серија со наслов „Elementary“ на американската телевизиска мрежа CBS.

Во модерната верзија на приказната за еден од најпознатите фиктивни детективи, главната улога ќе ја игра поранешниот сопруг на Анџелина Џоли, Џони Ли Милер. Дејството е сместено во сегашноста, а екцентричниот британец и поранешен советник на Скотланд јард има проблем со зависноста поради која завршува на рехабилитација во Њујорк.

По завршувањето на лечењето, Шерлок Холмс започнува да живее во Бруклин заедно со докторката Џоан Вотсон која ќе ја игра Луси Лиу. Таа е поранешен хирург која ја изгубила работната дозвола поради смрт на еден пациент.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk