Ротквиците потекнуваат од Јужна Азија, а освен во исхраната се користат и како лек.
Тие имаат мала енергетска вредност, во делот кој се јаде има 95% вода, а содржат голема количина на калиум, фосфор, калциум, и блини влакна.
Ротквицата е богата со витамин Ц. Има високо антиоксидансно дејство, а колку плодот има посилна црвена боја толку овие ефекти се поголеми. Поради сулфурот имаат специфичен мирис и лутникав вкус. Колку ротквицата е полута толку е поздрава.
Ротквиците ја намалуваат болката и напнатоста во желудникот, ја регулираат столицата, а особено може да им биде од корист на оние кои имаат проблем со запек.
Сокот од свежо изцедена ротквица се препорачува на оние кои имаат проблем со жолната кеса, цревата, а се препорачува и кај бронхитисот бидејќи ја намалува кашлицата и болката при истата. При главоболка изедете една чинија салата од роткици и болката ќе исчезне.

