Од дамна е познато дека куќните миленичиња имаат благотворно дејство врз своите сопсрвеници, а неодамна е објавено едно истражување за дејството на омилените мачки врз здравјето на домаќините.
Грижата околу мачките го намалува стресот и анксиозноста
Научниците од Универзитетот во Минесота утврдиле дека луѓето кои живеат со една или повеќе мачки за 40 отсто поретко имаат срцеви тегоби посебно инфаркт.
Психијатрите тврдат дека згрижувањето и грижата околу мачките во значајна мерка го намалуваат стресот и анксиозноста, а тоа придонесува до севкупно подобрување на здравјето и здравствената состојба. Исто така, докажано е дека и оние кои немаат мачка во куќата но одат кај некои роднини или пријатели кои имаат мачки или пак на некој начин доаѓаат често во допир со овие животни, имаат подобро здравје и посилен срцев мускул.
Малкумина знаат дека при предење мачките фреквенцијата која се создава е идеална за правилно работење на Вашето срце. При таа фреквенција цело тело, поготово срцето се во идеален баланс. Особено е позитивен е ефектот врз трудниците, но тешко која трудница ќе се согласи да чува мачка.
Во испитувањето учествувале повеќе од 4.500 возрасни лица на возраст од 30 до 75 години, а нивното здравје е анализирано следено 20 години наназад. Психолозите и кардиолозите нагласуваат дека на здравствената состојба многу влијае и помага карактерот на сопственикот, бидејќи љубителите на животни генерално се посреќни и по опуштени.
