After Midnight

Мачо фраерите се подобри во кревет

Високи момци со широки рамења и снажни раце, комбинација која е едноставно неодолива за поголемиот број на жени. Но освен физичкиот изглед, мачо фраерите се разликуваат и со нешто друго од останатите мажи. Според резултатите од истражувањата, мачо фраерите се подобри во кревет и имаат поголема шанса да ја затруднат својата партнерка во споредба со останатите мажи.

Истражувачите од државниот универзитет во Пенсилванија ги проучувале сексуалните животи на 110 хетеросексуални парови. Тие ја измериле симетријата на машкото лице, големината и симетријата на машкото тело, поставувале прашања за детали околу сексуалниот живот и оргазмите. Истражувачите утврдиле дека жените имале почести оргазми во сексот со мажествените мажи, и тоа дека доживувале оргазам пред мажите да доживеат оргазам.

Научниците истакнуваат дека истражувањето ги побива митовите за мачо фраерите, особено митот кој тврди дека мачо фраерите се помалку мажи во кревет од останатите. Секс терапевтот Робин Салисбери вели дека на добриот секс може да влијаат многу фактори како што е либидото, расположенитето, техниката, но големо влијание има и самиот изглед на мажот.

Напиши коментар