Celebrity

Мадона во Загреб!

Кралицата на поп музиката ќе одржи концерт во Загреб на загребскиот стадион Максимир и тоа на 11-ти Јуни, оваа година.

Одлучено е дека Мадона ќе настапи пред хрватската публика во склоп на големата светска турнеја на која ќе го промовира најновиот албум „MDNA“.

Турнејата започнува на 29-ти Мај во Израел, а потоа настапите на Мадона продолжуваат во Абу Даби и Истанбул, од каде кралицата се сели во Загреб. Европскиот дел од турнејата завршува во Ница во август, а потоа следат концертите во Северна Америка и Австралија.

Картите за концертот во Загреб ќе бидат пуштени во продажба од 17-ти Февруари, па им препорачуваме на сите фанови на Мадона од Балканот да побрзаат.

Напиши коментар